Броеви (4 Moj.) 33:48-54 MKB

48 А од Аваримските Гори заминаа и расположија шатори во Моавските Полиња, покрај Јордан, спроти Ерихон;

49 се настанија покрај Јордан од Вет-Јесимот сè до Авел-Ситим во Моавските Полиња.

50 Господ му рече на Мојсеја, во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон:

51 „Речи им вака на Израелевите синови: ‘Кога ќе поминете преку Јордан во Ханаанската Земја,

52 изгонете ги пред себе сите жители на земјата, уништете ги сите нивни слики; уништете ги сите нивни одлеани идоли и разурнете ги сите нивни високи места.

53 Тогаш завладејте ја земјата и населете се во неа, зашто ви ја предавам да стане ваша.

54 Разделете ја земјата со жрепка меѓу сите ваши родови. Зголемете им го делот на побројните, а намалете им го на помалубројните. Каде и да падне жрепката, за кого и да е, тоа нека биде негово, а делете им го наследството според татковските племиња.