Броеви (4 Moj.) 33:50-56 MKB

50 Господ му рече на Мојсеја, во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон:

51 „Речи им вака на Израелевите синови: ‘Кога ќе поминете преку Јордан во Ханаанската Земја,

52 изгонете ги пред себе сите жители на земјата, уништете ги сите нивни слики; уништете ги сите нивни одлеани идоли и разурнете ги сите нивни високи места.

53 Тогаш завладејте ја земјата и населете се во неа, зашто ви ја предавам да стане ваша.

54 Разделете ја земјата со жрепка меѓу сите ваши родови. Зголемете им го делот на побројните, а намалете им го на помалубројните. Каде и да падне жрепката, за кого и да е, тоа нека биде негово, а делете им го наследството според татковските племиња.

55 Ако не ги изгоните пред себе жителите на земјата, тогаш тие, кои ќе останат од нив во живот, ќе ви бидат трње во вашите очи и боцкалки во вашите ребра; ќе ве притеснуваат во земјата во која ќе живеете,

56 и ќе постапам со вас како што мислев да постапам со нив.’”