Броеви (4 Moj.) 34:12-18 MKB

12 Потоа границата ќе се спушти, низ Јордан, за да заврши при Соленото Море. Тоа ќе биде ваша земја со нејзините граници наоколу.’”

13 Тогаш Мојсеј им нареди на Израелевите синови: „Тоа е земјата што со жрепка ќе ја добиете во наследство, а за која Господ нареди да ја добијат девет племиња и половината од едно племе.

14 Зашто племето на Рувимовите синови според нивните семејства; потоа племето на Гадовите синови според нивните семејства, веќе го добија нивното наследство, како што го прими своето наследство и половината од Манасиевото племе.

15 Тие две ипол племиња го примија своето наследство отаде Јордан, спроти Ерихон, на источната страна.”

16 Господ му рече на Мојсеја:

17 „Ова се имињата на луѓето, кои ќе ви ја поделат земјата: свештеникот Елеазар и Навиновиот син Исус;

18 и земи од секое племе по еден главатар за делба на земјата.