14 Зашто племето на Рувимовите синови според нивните семејства; потоа племето на Гадовите синови според нивните семејства, веќе го добија нивното наследство, како што го прими своето наследство и половината од Манасиевото племе.
15 Тие две ипол племиња го примија своето наследство отаде Јордан, спроти Ерихон, на источната страна.”
16 Господ му рече на Мојсеја:
17 „Ова се имињата на луѓето, кои ќе ви ја поделат земјата: свештеникот Елеазар и Навиновиот син Исус;
18 и земи од секое племе по еден главатар за делба на земјата.
19 Ова се имињата на тие луѓе: Халев, син Ефониев, од Јудиното племе;
20 Самоил, син Амиудов, од Симеоновото племе;