3 Јужната страна ќе се тегне од пустината Син покрај Едом. Јужната граница ќе ви почнува од крајот на Соленото Море на источната страна.
4 Тогаш границата ќе ви заврти кон југ, кон Акравимската Стрмнина, и ќе продолжи преку Син. Ќе допре на југ до Кадис-Варни; потоа ќе излезе кон Хасар-Адар и ќе продолжи до Асмон.
5 Од Асмон границата ќе сврти кон Египетскиот Поток и ќе излезе на море.’
6 ‘Големото Море ќе ви биде западна граница; тоа нека ви е меѓа кон запад.’
7 ‘А ова ќе ви биде северна граница: од Големото Море повлечете линија на гората Ор;
8 тогаш повлечете линија од Ор до влезот во Емат; завршеток на границата ќе биде Седад.
9 Тогаш границата ќе се продолжи до Зифрон и ќе заврши во Хасар-Енан. Тоа ќе ви биде северна граница.’