5 Од Асмон границата ќе сврти кон Египетскиот Поток и ќе излезе на море.’
6 ‘Големото Море ќе ви биде западна граница; тоа нека ви е меѓа кон запад.’
7 ‘А ова ќе ви биде северна граница: од Големото Море повлечете линија на гората Ор;
8 тогаш повлечете линија од Ор до влезот во Емат; завршеток на границата ќе биде Седад.
9 Тогаш границата ќе се продолжи до Зифрон и ќе заврши во Хасар-Енан. Тоа ќе ви биде северна граница.’
10 ‘За своја источна граница повлечете линија од селото Хасар-Енан до Сефам.
11 Границата ќе се спушта од Сефам до Ривла, источно од Аин. Оттаму границата ќе се спушти и ќе допре до источниот брег на Хинеротското Езеро.