1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Зборувај му на Арона и речи му: ‘Кога ќе ги палиш светилките, седум светилки нека светат на предната страна на светилникот.’”
3 Арон така и направи: ги намести светилките на предната страна на светилникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.
4 Светилникот беше искован од злато; искован од своето подножје до својата чашка. Светилникот беше направен според образецот што Господ му го покажа на Мојсеја.