Броеви (4 Moj.) 8:11-17 MKB

11 Потоа Арон нека ги посвети левитите, како принос пред Господа, во име на Израелевите синови. Така нивната работа ќе биде да Му служат на Господа.

12 А левитите нека ги стават своите раце на главите на јунците; и принеси го едниот како жртва за грев, а другиот како паленица на Господа, за покривање на гревот на левитите.

13 Откако ќе ги поставиш левитите пред Арона и пред неговите синови, изврши над нив нивно посветување на Господа.”

14 „Одвои ги така левитите од среде Израелевите синови за да бидат Мои.

15 Потоа, откако си ги очистил и откако си ги посветил, левитите нека влезат во служба на Шаторот на средбата.

16 Зашто тие ми се подарени целосно од среде Израелевите синови; нив ги зедов за Себе место сите првенци; место сите израелски првороденци.

17 Имено, Мои се сите првенци на Израелевите синови, од луѓето и од животните; ги посветив Себеси во денот кога ги погубив сите првородени во Египетската Земја.