Броеви (4 Moj.) 8:13-19 MKB

13 Откако ќе ги поставиш левитите пред Арона и пред неговите синови, изврши над нив нивно посветување на Господа.”

14 „Одвои ги така левитите од среде Израелевите синови за да бидат Мои.

15 Потоа, откако си ги очистил и откако си ги посветил, левитите нека влезат во служба на Шаторот на средбата.

16 Зашто тие ми се подарени целосно од среде Израелевите синови; нив ги зедов за Себе место сите првенци; место сите израелски првороденци.

17 Имено, Мои се сите првенци на Израелевите синови, од луѓето и од животните; ги посветив Себеси во денот кога ги погубив сите првородени во Египетската Земја.

18 Така ги зедов левитите место сите израелски првороденци.

19 И им ги предадов левитите, од среде Израелците, како дар на Арона и на неговите синови, за да исполнуваат место Израелевите синови служба во Шаторот на средбата; за да ги очистуваат, па да не ги најде некаков помор Израелевите синови, кога ќе му се приближат на Светилиштето.”