21 Левитите се очистија и ја испраа својата облека; и Арон ги посвети пред Господа. Арон направи покривање на гревот за да бидат чисти.
22 Потоа левитите стапија во служба во Шаторот на средбата, во присуство на Арона и на неговите синови. Како што Господ му нареди на Мојсеја за левитите, така и направија со нив.
23 Господ му рече на Мојсеја:
24 „И ова се однесува за левитите: левитите, од дваесет и пет години нагоре, нека преземаат по ред служба во Шаторот на средбата.
25 А на педесет години нека истапат од службата и веќе нека не служат.
26 Но можат да им помагаат на своите браќа во исполнување на нивните должности во Шаторот на средбата, но самите не треба да ја исполнуваат службата.