3 Арон така и направи: ги намести светилките на предната страна на светилникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.
4 Светилникот беше искован од злато; искован од своето подножје до својата чашка. Светилникот беше направен според образецот што Господ му го покажа на Мојсеја.
5 Господ му рече на Мојсеја:
6 „Земи ги левитите од меѓу Израелевите синови и очисти ги!
7 Постапи вака со нив за да ги очистиш: попрскај ги со водата за очистување, а тие нека се избричат по сето свое тело и нека ја исперат својата облека, и ќе бидат чисти.
8 Потоа нека земат еден јунец и лебен принос од пченично чисто брашно, измешано со масло. А ти земи друг јунец за жртва за грев.
9 Потоа доведи ги левитите пред Шаторот на средбата и собери го сето Израелево општество.