Броеви (4 Moj.) 8:6-12 MKB

6 „Земи ги левитите од меѓу Израелевите синови и очисти ги!

7 Постапи вака со нив за да ги очистиш: попрскај ги со водата за очистување, а тие нека се избричат по сето свое тело и нека ја исперат својата облека, и ќе бидат чисти.

8 Потоа нека земат еден јунец и лебен принос од пченично чисто брашно, измешано со масло. А ти земи друг јунец за жртва за грев.

9 Потоа доведи ги левитите пред Шаторот на средбата и собери го сето Израелево општество.

10 Кога ќе ги доведеш левитите пред Господа, Израелевите синови нека ги положат своите раце на нив.

11 Потоа Арон нека ги посвети левитите, како принос пред Господа, во име на Израелевите синови. Така нивната работа ќе биде да Му служат на Господа.

12 А левитите нека ги стават своите раце на главите на јунците; и принеси го едниот како жртва за грев, а другиот како паленица на Господа, за покривање на гревот на левитите.