Броеви (4 Moj.) 9:14-20 MKB

14 Ако со вас живее странец и ако Му принесува Пасха на Господа, нека ја принесува според нејзините прописи и обреди. Нека биде едно правило за вас: и за странецот и за домородецот.’”

15 Во денот кога беше поставен Шаторот облак го покри Шаторот, Шаторот на сведоштвото. Облакот стоеше во вид на оган над Шаторот од вечер до утро.

16 Така облакот го засолнуваше непрекратно, а ноќе беше како оган.

17 Кога облакот се дигаше од Шаторот, тогаш Израелевите синови тргнуваа; а каде што облакот застануваше, таму Израелевите синови се настануваа.

18 По Господова заповед Израелците тргнуваа на пат, и по Господова заповед застануваа во логор. За сето време додека облакот стоеше над Шаторот тие остануваа во логорот.

19 Ако облакот стоеше долго над Шаторот, Израелците го слушаа Господовиот налог и не тргнуваа на пат.

20 Но ако се случеше облакот да остане над Шаторот малку време, тие по Господова повелба остануваа во логорот и по Господова повелба тргнуваа пак на пат.