1 Бидејќи мнозина се обидоа да го запишат кажувањето за настаните што се случија меѓу нас,
2 како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на Словото,
3 намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле,
4 за да ја познаеш веродостојноста на учењето, во кое си поучуван.