25 „Така ми направи Господ во деновите кога погледна на мене за да го симне срамот од мене меѓу луѓето.“
26 А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет,
27 кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија.
28 И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“
29 А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав.
30 И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла благодат во Бога;
31 и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус.