29 А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав.
30 И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла благодат во Бога;
31 и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус.
32 Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид;
33 и ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царството Негово нема да има крај.“
34 А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“
35 Ангелот ѝ одговори и рече: „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.