34 А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“
35 Ангелот ѝ одговори и рече: „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.
36 Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец;
37 зашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“
38 Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ И ангелот си отиде од неа.
39 А Марија стана во тие дни и поита во горскиот крај, во градот Јудин;
40 па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.