37 зашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“
38 Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ И ангелот си отиде од неа.
39 А Марија стана во тие дни и поита во горскиот крај, во градот Јудин;
40 па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.
41 Штом го слушна Елисавета поздравот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети,
42 па извика со силен глас и рече: „Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба!
43 И од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ?