43 И од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ?
44 Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја.
45 И блажена е таа која поверува, зашто ќе се исполни она, што ѝ рекол Господ.“
46 И рече Марија: „Мојата душа Го велича Господа,
47 и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој,
48 зашто погледна на смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија;
49 зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;