46 И рече Марија: „Мојата душа Го велича Господа,
47 и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој,
48 зашто погледна на смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија;
49 зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;
50 и милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него.
51 Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои;
52 ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените;