49 зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;
50 и милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него.
51 Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои;
52 ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените;
53 гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни;
54 го прифати Израил, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста,
55 како што им зборуваше на татковците наши, на Авраам и на семето негово довека.“