5 Во деновите на Ирод, царот јудејски, имаше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета.
6 И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови беспрекорно.
7 Тие немаа деца, зашто Елисавета беше неротка; а обајцата беа веќе на поодминати години.
8 Еднаш, додека тој по редот на својот чин служеше пред Бога,
9 според обичајот на свештениците, нему му се падна ждрепката да влезе во храмот Господов и да покади.
10 За време на кадењето целиот народ се молеше надвор.
11 Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник.