56 И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.
57 А на Елисавета ѝ дојде времето да роди и таа роди син.
58 Кога слушнаа соседите и роднините нејзини, дека ја удостоил Господ со Својата милост, се радуваа со неа.
59 На осмиот ден дојдоа да го обрезат детето и сакаа да му го дадат името на татко му Захарија.
60 Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“
61 Ѝ рекоа нејзе: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“
62 И го прашаа со знаци татко му, како би сакал да го наречат.