59 На осмиот ден дојдоа да го обрезат детето и сакаа да му го дадат името на татко му Захарија.
60 Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“
61 Ѝ рекоа нејзе: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“
62 И го прашаа со знаци татко му, како би сакал да го наречат.
63 Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија.
64 И веднаш му се отвори устата негова и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога.
65 И ги обзеде страв сите соседи; и се разгласи за овој настан по целата горска Јудеја.