62 И го прашаа со знаци татко му, како би сакал да го наречат.
63 Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија.
64 И веднаш му се отвори устата негова и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога.
65 И ги обзеде страв сите соседи; и се разгласи за овој настан по целата горска Јудеја.
66 Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И раката Господова беше со него.
67 А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи:
68 „Благословен да е Господ, Бог Израилев, зашто го посети и го избави народот Свој;