67 А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи:
68 „Благословен да е Господ, Бог Израилев, зашто го посети и го избави народот Свој;
69 и подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга;
70 како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци,
71 дека ќе нѐ спаси од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мразат;
72 за да ја пројави милоста над татковците наши и да се сети на светиот завет Свој,
73 на заклетвата, со која му се заколна на Авраам, нашиот татко, дека ќе ни даде: