69 и подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга;
70 како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци,
71 дека ќе нѐ спаси од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мразат;
72 за да ја пројави милоста над татковците наши и да се сети на светиот завет Свој,
73 на заклетвата, со која му се заколна на Авраам, нашиот татко, дека ќе ни даде:
74 избавување од рацете на непријателите наши, без страв да Му служиме
75 во светост и правда пред Него, во сите дни од нашиот живот.