75 во светост и правда пред Него, во сите дни од нашиот живот.
76 А ти, дете, ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му Го приготвиш патот Негов;
77 и да му дадеш на народот Негов сознание за спасение, преку проштевање на гревовите нивни,
78 заради големото милосрдие на нашиот Бог, со која нѐ посети Исток од висините,
79 за да им блесне на оние што седат во темнина и во сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.“
80 А детето растеше и крепнеше со духот; и беше во пустина до денот кога му се јави на Израил.