14 Но на Тир и Сидон ќе им биде полесно на Судот, отколку вам.
15 И ти, Капернауме, кој си се издигнал до небото, до адот ќе бидеш симнат.
16 Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.“
17 Се вратија, пак, седумдесетте со радост и велеа: „Господи, во Твое име и демоните ни се покоруваат.“
18 А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото како молња!
19 Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја непријателска сила; и ништо нема да ви наштети;
20 но не радувајте се на тоа што духовите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на небесата.“