18 А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото како молња!
19 Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја непријателска сила; и ништо нема да ви наштети;
20 но не радувајте се на тоа што духовите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на небесата.“
21 Во тој час се зарадува Исус во Духот и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а си им го открил на малечките. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.“
22 Па, откако се сврте кон учениците, им рече: „Сѐ Ми предаде Мојот Отец; и кој е Синот не знае никој, освен Отецот; и кој е Отецот, не знае никој, освен Синот, и – оној кому што сака Синот да му открие.“
23 И откако се сврте кон учениците насамо им рече: „Блажени се очите, кои го гледаат ова што го гледате вие.
24 Зашто ви велам: многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие, и не видоа; и да чујат што слушате вие, и не чуја.“