3 Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци.
4 Не носете со себе ниту ќесе, ниту торба, ниту обувки и никого патем не поздравувајте!
5 И во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ‚Мир во овој дом!‘
6 Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе почива на него; инаку, тој ќе се врати во вас;
7 и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преместувајте се од куќа в куќа.
8 И во секој град во кој ќе влезете, и ќе ве примат, јадете што ќе ви се принесе;
9 лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‚Се приближи до вас царството Божјо.‘