32 Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и го одмина.
33 Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали.
34 И откако пријде, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него.
35 А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ‚Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘
36 Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?“
37 А тој одговори: „Оној што му искажа милосрдие.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“
38 И додека патуваа, Тој влезе во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом.