39 А таа имаше сестра што се викаше Марија. Таа седна до нозете Господови и го слушаше словото Негово.
40 Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога пријде, Му рече: „Господи, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“
41 А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи.
42 Но само едно е потребно. Марија, пак, го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе.“