9 лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‚Се приближи до вас царството Божјо.‘
10 А во кој, пак, град влезете и не ве примат, излезете по улиците негови и кажете:
11 ‚И правот од вашиот град што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го тоа, дека се приближи царството Божјо.‘
12 Ви велам дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.“
13 „Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Зашто, ако во Тир и Сидон се случеа чудата што се случија кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пепел, ќе се беа покајале.
14 Но на Тир и Сидон ќе им биде полесно на Судот, отколку вам.
15 И ти, Капернауме, кој си се издигнал до небото, до адот ќе бидеш симнат.