Лука 11:13-19 MK2006D

13 Па така, значи, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?“

14 Еднаш истера Тој еден демон, кој беше нем, и кога демонот излезе, немиот проговори; и народот се восхити.

15 Тогаш некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува демоните преку Велзевул, началникот на демоните.“

16 А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото.

17 Но Тој, знаејќи ги нивните помисли им рече: „Секое царство ако е поделено само против себе, запустува, и дом кој е поделен сам против себе, пропаѓа.

18 И, ако и сатаната се поделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Зашто велите дека Јас со Велзевул ги истерувам злите духови.

19 И, ако Јас, пак, со Велзевул ги истерувам злите духови, тогаш синовите ваши со кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии.