21 Кога силен, вооружен човек, го чува својот двор, тогаш имотот негов е во безопасност.
22 Но, кога ќе дојде некој посилен од него и го надвладее, тој ќе му го земе сето оружје негово, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.
23 Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, тој растура.
24 Кога нечист дух ќе излезе од човека, тој оди преку безводни места и бара спокојство; и не наоѓајќи, вели: ‚Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов.‘
25 Па, штом дојде, го наоѓа изметен и среден.
26 Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и кога ќе влезат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.“
27 И додека го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата што Те носела, и градите од кои си се хранел!“