27 И додека го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата што Те носела, и градите од кои си се хранел!“
28 А Тој рече: „Навистина, блажени се оние што го слушаат словото Божјо и го чуваат.“
29 А на народот, што се собираше, почна да му зборува: „Овој род е зол род; бара знак, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона;
30 зашто, како што Јона беше знак за Ниневјаните, така и Синот Човечки ќе биде за овој род.
31 Јужната царица ќе стане на Судот со луѓето од овој род и ќе ги осуди, зашто таа дојде од крајот на земјата да ја чуе мудроста на Соломон; а ете, тука е поголем од Соломон.
32 И Ниневјаните ќе станат на Судот со овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа на проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.
33 Никој, пак, не става запалено светило на сокриено место, ниту под поклопец, туку на свеќник, за да можат да ја гледаат светлината оние што влегуваат.