34 Твоето око е светило на твоето тело. Ако твоето око е здраво, и целото твое тело ќе биде светло; а ако биде лошо, и твоето тело ќе биде темно;
35 затоа внимавај светлината што е во тебе да не е темнина.
36 Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде така светло, како кога светило те осветлува со својот сјај.“
37 И кога зборуваше Тој, еден фарисеј Го помоли да руча кај Него. Тој влезе и седна на трпеза.
38 И фарисејот се зачуди кога виде дека Тој не си ги изми рацете пред јадење.
39 Но Господ му рече: „Ете, вие фарисеите ја миете чашата и чинијата однадвор, а внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство.
40 Безумници! Оној што го направи надворешното, нели е истиот тој што го направи и внатрешното?