50 за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;
51 од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.
52 Тешко вам, законици, зашто го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакат да влезат им попречивте.“
53 А кога го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа жестоко да Го напаѓаат и да навалуваат со разни прашања;
54 Го демнеа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста за да Го обвинат.