8 ви велам дека, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, сепак ќе стане заради неговата настојчивост и ќе му даде колку што му треба.
9 И Јас ви велам: Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
10 Зашто секој што моли – добива, а кој бара – наоѓа, и на оној што чука – ќе му се отвори.
11 И кој татко меѓу вас, ако синот му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, ќе му даде змија место риба?
12 Или, ако побара јајце, ќе му даде скорпија?
13 Па така, значи, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?“
14 Еднаш истера Тој еден демон, кој беше нем, и кога демонот излезе, немиот проговори; и народот се восхити.