1 Меѓутоа, кога се насобраа илјадници луѓе – така што се газеа еден со друг, Тој почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од квасот фарисејски, што е лицемерие.
2 Нема ништо сокриено што нема да се открие, ниту пак тајно што не ќе се дознае.
3 Затоа, што сте рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и што сте шепотеле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите.
4 А вам, на Моите пријатели, ви велам: не плашете се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат.