1 Меѓутоа, кога се насобраа илјадници луѓе – така што се газеа еден со друг, Тој почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од квасот фарисејски, што е лицемерие.
2 Нема ништо сокриено што нема да се открие, ниту пак тајно што не ќе се дознае.
3 Затоа, што сте рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и што сте шепотеле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите.
4 А вам, на Моите пријатели, ви велам: не плашете се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат.
5 Ќе ви покажам од кого да се плашите: плашете се од Оној Кој, откако убие, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него плашете се!
6 Зар не се продаваат пет врапчиња за две парички? И ниедно од нив Бог не го заборава.
7 А вам, и влакната на главата ви се изброени. Па затоа, не плашете се: од многу врапчиња вие сте поскапи.