11 А кога ќе ве одведат во синагогите и пред началствата и властите, не грижете се како ќе одговорите, или што ќе кажете;
12 зашто Светиот Дух ќе ве научи во истиот час што треба да кажете.“
13 Некој од народот Му рече: „Учителе, кажи му на мојот брат да го подели со мене наследството!“
14 А Тој му рече: „Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?“
15 Потоа им кажа: „Внимавајте! Чувајте се од алчноста, зашто животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот.“
16 И им кажа една парабола и рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу.
17 И размислуваше во себе, велејќи: ‚Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.‘