14 А Тој му рече: „Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?“
15 Потоа им кажа: „Внимавајте! Чувајте се од алчноста, зашто животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот.“
16 И им кажа една парабола и рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу.
17 И размислуваше во себе, велејќи: ‚Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.‘
18 Па рече – вака ќе направам: ќе ги урнам житниците свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра,
19 и ќе ѝ речам на душата своја: ‚Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!‘
20 Но Бог му рече: ‚Безумниче, ноќва ќе ти ја побараат душата твоја; тоа што си го приготвил, чие ќе биде?‘