19 и ќе ѝ речам на душата своја: ‚Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!‘
20 Но Бог му рече: ‚Безумниче, ноќва ќе ти ја побараат душата твоја; тоа што си го приготвил, чие ќе биде?‘
21 Така се случува со оној што собира богатство за себе, а не се богати во Бога.“
22 И им рече на учениците Свои: „Затоа ви велам: не грижете се за душата своја што ќе јадете, ниту за телото свое што ќе облечете.
23 Зашто душата е многу поскапа од храната, и телото – од облеката.
24 Погледајте ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците?
25 А кој од вас, ако се грижи, може да му додаде еден лакт на својот раст?