23 Зашто душата е многу поскапа од храната, и телото – од облеката.
24 Погледајте ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците?
25 А кој од вас, ако се грижи, може да му додаде еден лакт на својот раст?
26 И така, ако ниту најмалото нешто не можете да го направите, зошто се грижите за друго?
27 Погледајте ги криновите како растат! Ниту се трудат, ниту предат; но ви велам дека ниту Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив.
28 Ако, пак, тревата во полето, која денес ја има, а утре се фрла во оган, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе ќе ве облекува вас, маловерни!
29 Па затоа и вие, не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не се загрижувајте!