28 Ако, пак, тревата во полето, која денес ја има, а утре се фрла во оган, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе ќе ве облекува вас, маловерни!
29 Па затоа и вие, не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не се загрижувајте!
30 Сето тоа го бараат незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно.
31 Но барајте го царството Божјо, и сето тоа ќе ви биде придодадено!
32 Не плаши се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.
33 Продајте си ги имотите ваши и давајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват, неисцрпна ризница на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде;
34 зашто, каде што е вашата ризница, таму ќе биде и срцето ваше.