32 Не плаши се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.
33 Продајте си ги имотите ваши и давајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват, неисцрпна ризница на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде;
34 зашто, каде што е вашата ризница, таму ќе биде и срцето ваше.
35 Нека ви биде половината препашана и светилата – запалени!
36 Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш штом ќе дојде и почука.
37 Блазе на оние слуги што ќе ги затече господарот будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се препаша и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.
38 А ако дојде и на втора или на трета ноќна стража, и ги затекне така, блазе на тие слуги!