40 Затоа и вие, бидете подготвени, зашто Синот Човечки ќе дојде во часот кога не се надевате!“
41 А Петар Му рече: „Господи, за нас ли ја кажуваш оваа парабола, или за сите?“
42 Тогаш Господ рече: „Кој е тој верен и разборит настојник, кого го поставил неговиот господар над своите слуги, за да им ја дава потребната храна навреме?
43 Блазе на тој слуга, чиј господар, кога ќе дојде, ќе го затекне така да постапува!
44 Вистина ви велам дека тој ќе го постави него над целиот свој имот.
45 Ако, пак, тој слуга си рече во срцето свое: ‚Нема скоро да дојде мојот господар!‘, па почне да ги тепа слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опива,
46 господарот на тој слуга ќе дојде во ден во кој не очекува, и во час што не го знае, па ќе го расече на две и ќе му даде удел со неверните.