46 господарот на тој слуга ќе дојде во ден во кој не очекува, и во час што не го знае, па ќе го расече на две и ќе му даде удел со неверните.
47 А оној слуга кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен.
48 Кој, пак, не знаел и направил нешто што заслужува тепање, ќе биде малку тепан. Кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е доверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.
49 Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел.
50 Со крштевање треба да се крстам и колку Ми е мачно додека не се сврши тоа.
51 Мислите ли дека сум дошол да дадам мир на земјата? Не, ви велам, туку разделеност;
52 Зашто отсега, пет члена во една иста куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца;